Меѓународен ден на Бошњаците

Facebook
Twitter
Email
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

28 Септември се одбележува како Меѓународен ден на Бошњаците. По тој повод честитка до бошњачката заедница во Македонија упати државниот врв.

 

Претседателот Стево Пендаровски се заблагодари за учеството на Бошњаците во сите сфери од државава и порача дека ќе се продолжи негувањето на бошњачката традиција и култура.

 

„Заедно со останатите етнички заедници и бошњачката искрено и неуморно го дава својот придонес во сите сфери на општествениот, економскиот и културниот живот во нашата земја, придонесувајќи во градењето на едно општество за сите. Горди сме што почитта, заедништвото и уважувањето на различностите се силата на нашата заедничка татковина. И понатаму како држава ќе продолжиме со исполнување на највисоките стандарди во заштитата на етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет на сите наши граѓани и посветено ќе работиме на негување и промоција на бошњачката култура и традиција“, истакнува во честитката претседателот Пендаровски.

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери лично и во име на пратениците и го честита на бошњачката заедница во Македонија Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Верувам дека овој историски датум кога Првиот бошњачки Сабор ја усвоил Декларацијата за враќањето на историското име Бошњак, а мајчиниот јазик е повторно именуван како босански, е датум којшто ве прави горди и ви дава убаво чувство на припадност и за тоа, Ви честитам. Сакам преку оваа честитка да ја укажам мојата почит и поддршка за бошњачката заедница во Република Северна Македонија, која е неделив дел од ткивото на нашето општество, ценето и вреднувано по своите особености, јазик, традиција, култура и обичаи меѓутоа, над сè, поради својот значителен придонес во развојот на државата. Убавината на мултиетничките општества, е во богатството од култури и традиции и нивната промоција, нивното негување, почитување и заедничко споделување, само го збогатува уште повеќе општествениот живот на државата, и го разубавува секојдневието на нашите граѓани“, пишува Џафери во честитката.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи