Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а 7 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 163, од кои 132 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 404 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 814.