Петкоски: Ова е најнеспобната локална власт, го вратија Прилеп 20 години назад, ништо не реализираа

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Времето на оваа локална власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски полека, но сигурно изминува. Во овие три години додека се на власт Илија Јованоски, заедно со Миле Талевски и нивните послушници го вратија Прилеп 20 години назад. Ова денеска на прес конференција го истакна Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конферецијата ја пренесуваме во целост.

 

„Пред три години ја побараа и добија поддршката на прилепчани со програма за „Нов живот”. Ветуваа се’ и сешто, а добивме ништо!

 

Ветуваа изградба на две обиколници околу Прилеп, ново училиште, нова спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски”, реконструкција на Старата чаршија, изградба на нов театар и целосна гасификација на градот.

 

Ветија и излагаа дека ќе изградат две нови градинки и затворен базен, ветија реновирање на поранешната соколана и намалување на сметките за вода за 20%, иако граѓаните денеска плаќаат за 60% повисоки сметки.

 

Јованоски, Талевски и Заев ветуваа чист воздух и чиста животна средина за Прилеп, а сведоци сме дека цела зима прилепчани дишат отров.

 

Листата на лаги продолжува со ветената обнова на планинарскиот дом Дервен, ветеното реновирање и пуштање во употреба на Универзалната сала и реновирање на спортската сала “Македонија”.

 

Ги деградираа и излагаа Ромите на кои им ветуваа решавање на сите инфраструктурни проблеми, од чиста вода за пиење, до уредување на улиците, канализацијата и осветлувањето.

 

Најнеспособната локална власт молчеше и кога нивниот сопартиец Горан Сугарески ја запре изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, па Прилеп и понатаму остана слепо црево во Македонија.

 

А и што друго да се очекува од луѓе кои година ипол градат мовче од 20тина метри, кои цели 7 месеци работат на реконструција на булевар и потрошија цел милион евра за 4 автобуси?

 

Сето ова се ветувања во кои граѓаните веруваа и се надеваа дека ќе се реализираат и ќе се подбри нивното секојдневие. На Јованоски му останува помалку од една година, па и магионичар да стане нема да успее сето ова да го направи.

 

ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот и заедно со граѓаните ќе го подигнеме гласот против сите лаги и против сите криминали!“,  истакна портпаролот Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи