Поранешниот шведски дипломат, кој важи за одличен познавач на работите на Балканот, Карл Билд, го коментираше моменталниот спор помеѓу Македонија и Бугарија.
„Ако некој напредок кон Европската унија на Балканот зависи од една или друга држава која наметнува некаква ’историска вистина‘, можеме да бидеме сигурно дека ништо нема да се случи за следната или дури за следните две генерации“, напиша Билд.
Билд својот коментар го дава споделувајќи текст од „Ројтерс“ во кој се пишува за бугарските најави за вето на Северна Македонија доколу не се решат историските прашања односно ако земјава не признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени.