Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати за наредната недела.
Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има eкстра лесното масло за домаќинство за половина денар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,168 ден/кг и ќе изнесува 31,436 ден/кг.
Па така цените на дериватите ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 61,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,436 (денари/килограм)