Над 18 илјади лица останале без работа поради кризата предизвикна од Ковид-19, соопшти денес директорот на АВСРМ, Абдуш Демири.
„Во агенцијата за вработување на Р. Северна Македонија со состојба на 31 јануари 2021 година, евидентирани се 158.681 активни баратели на работа, и 90,293 други лица кои бараат работа односно пасивни баратели на работа“, рече Абдуш Демири- Директор на Агенција за вработување.
Секојдневно се конкурира на околу 6.000 огласи, а најчесто се нудат најнеплатени работни позиции без стручно образаование.
„Работодавачите огласиле најмногу работни места за следниве дејности, работник на едностави работи на производствена линија, хигеничар, општ работник, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обебедувач на имот и лица, ѕидарски работник, армирачки работник и други занимања“, додава Демири.
Директорот ги потсети невработените лица и најави дека дека оние кои не се пријавуваат редовно, ќе почнат да се бришат од едвиденцијата на Агенцијата. Станува збор за околу 54 илјади активни и пасивни невработени кои имаат рок до 19 март да се пријават во Агенцијата за вработување.