Спасовски: Силна логистика за Грујевски и Бошковски

Facebook
Twitter
Email
Print

Двајцата контраразузнавачи кои беа уапсени во Грција со лажни бугарски пасоши имале голема логистичка мрежа во Македонија, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

Широка логистичка мрежа од јатаци вработени во Министерството за внатрешни работи и Управата за безбедност и контраразузнавање им помагала на поранешниот началник Горан Грујевски и контраразузнавачот Никола Бошковски да се кријат во Македонија и да избегаат од земјата. Министерот за внатрешни работи Спасовски потврди дека таква мрежа постоела, но одбива да каже детаљи во јавноста.

 

Неофицијално, повеќе од 10 лица им помагале на Грујевски и Бошковски да избегаат од Македонија.

 

Постапката за екстрадиција на поранешните началници на УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски ја води Министерството за правда со меѓународна правна помош со Министерството за правда на Грција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на меѓународната конференција „Приватна јавна безбедност – соработка и партнерство“ на Факултетот за безбедност во Скопје.

 

 „Министерството за внатрешни работи имаше обврска да соработува со Министерството во Грција сè до приведување на овие лица“, истакна Спасовски.

 

Спасовски не прецизира дали очекува дека двајцата ексразузунавачи, кои ги гони СЈО за нелегалното прислушување и уништување на опремата, ќе се обидат да се пазарат со грчките тајни служби. Според него, сите податоци поврзани со нелегалното следење на комуникациите веќе биле обелоденети и познати за домашната и меѓународната јавност.

 

„Наша приоритетна цел беше да обезбедиме правда за овој случај и без разлика каде и да беа и во која држава и да се наоѓаа, ние можевме да пристапиме кон нивно обезбедување за правдата да биде задоволена. Од тој аспект целта ја постигнавме – Бошкоси и Грујевски се во притвор, ја чекаме екстрадицијата за да може овде пред македонските судови во транспарентна постапка да се докаже вината, односно тие да докажуваат дека не се виновни. Во однос на споделувањето информации што тие ги имаат, веќе нема информација што не е споделена, се знаат сите детали за нивното работење од објавените материјали во проектот „Вистината за Македонија“,додаде министерот Спасовски.

 

Зa екстрaдицијaтa е нaдлежнo Министерствoтo зa правдa, кoе сoрaбoтувa сo грчките органи. Нa Грујевски и Бoшкoски им се суди вo Сoлун зa пoседувaње лaжни пaсoши. Нo, судењетo двaпaти се oдлoжувa бидејќи не мoже дa се oбезбеди преведувaч. Двaјцaтa беa уaпсени минaтaта неделa oд Интерпoл на aерoдрoмот во Солун при oбид зa бегствo.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи