Како што пренесуваат официјални претставници од Зоолошката градина во Сан Диего, 9 мајмуни се вакцинирани против корона со што влегуваат во историјата на медицината.
Една од примателите на вакцината е 28 годишната орангутанка Карен која во 1994 година беше првиот човеколики мајмун што беше подложен на операција на отворено срце.
„Секој од мајмуните доби по 2 дози од експерименталната вакцина. Ниту еден од нив немаше лоша реакција од вакцината и сите се чувствуваат добро“, изјави портпаролката на зоолошката во Сан Диего, Дарла Дејвис за агенцијата „Ројтерс“.