АХВ запленила 30 килограми путер, не 4.5 тони како што објави Николовски

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски вечерва на својот ФБ профил објави дека Агенцијата за  храна и ветеринарство (АХВ) запленила 4.5 тони путер кој имал важност до 2019 година и притоа повикува на целосна истрага и одговорност.

„Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година. Производот е затекнат во продажба без декларација, и од страна на АХВ веднаш е повлечен од пазарот.
Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“ – објавува Николовски.
Меѓутоа, според официјалното соопштение на АХВ, не станува збор за толкава количина на путер, туку само 30 килограми путер со важност до 13 февруари 2021 година.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира