Стариот асфалт полека и сигурно се распаѓа по улиците, преку 20 години нашите сограѓани ги кршат колите по овие кратери, испакнати и вдлабнати шахти на сите главни и споредни улици низ Прилеп, реагираше на Фејсбук, но и до нашата редакција прилепчанецот Гоце Илиески.
„Ова ни најмалку не е политичка провокација кон една или друга партија, ова е добронамерен АПЕЛ, конечно еднаш службите од локалната самоуправа, со минимални средства да ги затворат овие дупки и да го решат деценискиот проблем“, вели Илиески.