Утрово минусни температури – во текот на денот сончево со умерена облачност

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Во Берово изутринава во 7 часот се измерени -12 степени, на Попова Шапка -11, а во Маврови Анови -10. Осум степени под нулата се регистрирани во Крива Паланка, -7 Крушево, -6 Претор и Прилеп, -5 Охрид, Штип, Виница и Струмица, -4 Битола и Дебар, -3 Тетово, Скопје-Петровец и Куманово, -2 Демир Капија и Скопје-Зајчев Рид, 0 во Дојран и Гевгелија. Снежна покривка од 38 сантиметри има во Ѓуриште, 35 Маврови Анови, 27 Крушево, 20 Пожаране, 16 Тополчани и Попова Шапка, 6 Претор, 5 Прилеп, 3 Берово и од 2 сантиметри во Битола.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи