ВИДЕО- Заев: Граѓаните масовно да се вакцинираат, пристигнуваат големи колични од повеќе производители

 

Денеска сакам да ја искористам приликата да ги охрабрам граѓаните масовно да ја следат постапката за вакцинација и да бидат во контакт со своите матични лекари за да го осигураат својот термин за вакцинација. Вакцините се здрави, проверени, меѓународно тестирани и граѓаните ќе ги примаат оние вакцини кои одговараат на нивната старосна група и на нивната здравствена состојба. Ова денеска во Прилеп го истакна премиерот Зоран Заев при отоврањето на модуларната болница. Заев потенцираше дека колку побрзо завршел процесот на имунизација, толку побрзо ќе завршела оваа борба со невидливиот непријател, пандемијата од Ковид-19.

 

 

„Знаете во земјата пристигнаа и првите 20.000 дози од вакцината „Спутник“, како прва количина од вкупно 40.000 дози од двете компоненти од оваа вакцина. И заедно со веќе претходно пристигнатите вакцини веќе располагаме со 78.000 дози, со тоа го овозможуваме целосниот континуитет на веќе почнатиот процес на имунизација, како и побрзо вклучување на повеќе лица од најкритичните групи, наши граѓани, согласно нашиот национален план за имунизација.

Последниот допис што го имаме како информација од Кина е дека до крајот на април ќе стигнат 200.000 дози, значи сите, целата количина, не како другите со по 3, 8, 20.000 или како и да се најавени. Јас само сакам да кажам дека почна вториот квартал, а во вториот квартал и Фајзер ги најави 80.000-те вакцини дека ќе стигнат, тие ќе бидат поделени на седмици или десетина дена.

Овој месец ќе стигнат и вакцините од ЕУ, од 651.000 за Западен Балкан, некаде околу 100.000 се за РСМ и го очекуваме првите 20 или 25.000 да стигнат во месец април, па потоа очекуваме на секои 15 дена да стигат.

Спутниковите следни количини ги очекуваме исто така во месец април да стигнат, уште една количина до 100.800 бројки вакцини да стигнат од КОВАКС механизмот. Стигна една количина од 24.000, очекуваме уште 76.800 да стигнат до крајот на април месец.

Сите овие 78.100 вакцини голем дел се веќе искористени кај нашите здравствени работници кои што досега беа вакцинирани. Сите овие вакцини ни даваат право да веруваме во комплетниот континуитет, затоа беше важно и посебно бев благодарен за претседателот Вучиќ и српското раководство, а со тоа и српскиот народ нормално да токму сега ги дадат овие 20.000 вакцини, да кога почнуваме со 24.000 астра зенека кои стигнаа минатиот викенд, да направиме комплетен континуитет и без било какви задршки“, истакна Заев.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи