Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на СЦ Борис Трајковски, местото каде што од понеделник ќе почне масовната имунизација на населението објасни како таа ќе се одвива и колку луѓе дневно ќе се вакцинираат.
„Процесот на масовна вакцинација ќе започне во понеделник во А1 Арената Борис Трајковски. Подготовките се во завршна фаза. Околу 4.000 луѓе на ден во просек ќе се вакцинираат вкупно на сите пунктови низ државата, вклучувајќи го овој пункт за вакцинација. Благодарност до менаџментот на Салата Борис Трајковски посебно на компанијата А1 коишто ги ставија на располагање сите капацитети во смисла на тоа да се обезбеди бесплатно пристап до интернет, технички ги опремија пунктовите со лаптопи, принтери итн. и сето тоа го направија проактивно. Апелирам граѓаните активно да се вклучат во процесот на вакцинација затоа што тоа е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме на нашите нормални навики, рече Филипче