Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори во случајот “Тендери” каде обвинета е екс-министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска ќе може да се користат како докази во судница.
Како што потврдуваат од Апелација ваквата одлука е донесена врз основа и на претходните две одлуки со кои Апелациониот суд одлучи дека „бомбите“ можат да будат доказ во предметите „Шамари во Центар“ и „Триста“.
Одлуката на Апелацискиот суд следува откако вчера на јавна седница обвинителите на СЈО и адвокатите на Канческа- Милевска ги соочија аргуметите „за“ и „против“ употребата на прослушуваните разговори како доказ во кривичнивата постапка за случајот „Тендери“.
Претходно, Кривичниот суд го прифати барањето на адвокатите на Канческа-Милевска и ги издвои „бомбите“ од доказниот материјал за предметот, по што СЈО поднесе жалба на решението до Апелацискиот суд.
Апелациските судии утре ќе одлучуваат дали прислушуваните разговори во “Топлик” и “ТНТ” може да бидат дел од доказниот материјал.