Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во Шутка. Кривичниот суд одлучи да му го продолжи притворот на нови 30 дена. Тој во Шутка е веќе еден месец. Одбраната на осомничениот Камчев во случајот „Плацеви на Водно“, може да поднесе жалба до Апелациониот суд.
Соопштението на Кривичен го пренесуваме во ценост:
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја продолжи мерката притвор за 30 дена.“