Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголеми. Доцна попладне и кон крајот на денот почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд.
На планините во западните делови ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне во јужните делови ќе се промени во источен и југоисточен.
Максималната температура ќе достигне 13 степени.