Поради слегнување на земјиштето се вршат реконструктивни зафати на булеварот „Гоце Делчев“

Како последица на големата влажност предизвикана од врнежите на дожд и снег, на одредени делови од булеварот „Гоце Делчев“ дојде до слегнување на земјиштето.

Согласно чл.46 од Договорот за изведба и реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, склучен меѓу ЕЛС Општина Прилеп и „Изофас“ ДОО, изведувачот на работите, компанијата „Изофас“, е должна да ги отстрани настанатите недостатоци од објектот, односно булеварот.

Реконструктивните зафати за отстранување на недостатоците ќе бидат завршени во рок од 4 денови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира