Прилепчани, не се договоривме вака – цела армија ќе биде потребна да се исчисти езерото


Прилепското Езеро е  вештачко езеро сместено во месноста „Гладно Поле“ во непосредна близина на Прилеп. Неговата географска положба му овозможува на ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Под езерото се наоѓа потопеното село Пештерица.

Општина Прилеп реализира проект „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“. Вкупна вредност на проектот изнесува 50 милиони денари, или близу 850.000 евра, од кои 6 милиони денари се сопствено учество на Општина Прилеп. Од главниот пат до спортско-рекреативниот комплекс ќе се влегува преку пристапна улица долга 35 метри, ќе има паркинг за дваесетина моторни возила, а се градат и две пешачки патеки во должина од 750 метра. Во склоп на комплексот ќе биде изградено кошаркарско игралиште со два коша и со пинг понг маси, како и игралиште за одбојка.

За ова, најголема закана е отпадот низ шумската вегетација направен од несовесни граѓани, туристи, рибари итн.

Местото на ѓубрето му е во корпа, не тука. За жал, мораме да алармираме за ниската еколошка свест за која што доказ се ужасните слики од отпад низ езерото и низ шумската вегетација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи