ВИДЕО – Преспанскиот херој доби донација справа за трчање и одење

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Донатор од странство кој сака да остане анонимен денеска му подари справа за трчање и одење на Преспанскиот херој, Васил Јанкула. Јанкула, кој е лице со церебрална парализа, и стана познат на македонската јавност по тоа што за само една недела со својот трицикл помина над 800 км. за само 7 дена околу Македонија, се со цел само да докаже дека „Сите сме исти“.

Јанкула има учествувано на повеќе спортски манифестации ширум Македонија, а со својот трицикл го заобиколи и целото Охридско езеро, од македонска и од албанска страна.

Неговата главна животна мисија е да ги мотивира сите лица со посебни потреби, да не се затвораат во себеси, да излезат од своите домови и да започнат да ги развиваат своите таленти, затоа што како и самиот вели „СИТЕ СМЕ ИСТИ“!!!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми