Полициска акција во Арачиново – се апсат дилери на дрога и оружје, приведен и полициски службеник

Facebook
Twitter
Email
Print


Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека утрово се спроведува полициска акција во Арачиново, а меѓу приведените има и полициски службеник.

„Утрово полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе“, соопшти Спасовски.

Се очекува МВР во текот на денот да излезе со повеќе детали.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира