Брнабиќ: Србија и донираше дополнителни 13 илјади вакцини на Македонија


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48 000 вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ потврди дека до Македонија споменатите количини на вакцината „Спутник В“ биле доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

 „Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност“, порачува Брнабиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи