Наш соговорник во ова издание на Инфо Регион е Александар Цветкоски, етнолог од Заводот и Музеј Прилеп. Со него разговаравме на една интересна тема за тоа кои обичаи и адети нашиот народ ги практикува за овие Велигденски денови. Кога и како настанува еден обичај, колку трае, дали некои од нив се косат со верувањата на црквата, зошто и како настануваат обичаите и колкава е временската рамка на траење на еден обичај.
Одговор даваме и на тоа дали и денес се создаваат нови обичаи, кои се тие и колку обичаите и традицијата се значајни за еден народ.