Прилепчанецот Дејан Аџиоски, кој во моментов живее во Швајцарија, обезбеди нови 40 неинвазивни респиратори кои ќе бидат распределени во повеќе градови во Македонија и тоа во: Охрид, Велес, Струмица, Делчево, Кавадарци, а после тоа и болниците во Кичево, Битола, Јасеново.
„Конечно, пратката со првите 10 респиратори стигна во Делчево. Беше пратена уште на 1 април, но од проблеми со транспортот, нажалост стаса само вчера. Инаку се работи за пратка од 40 респиратори кои треба да стасаат во Македонија и кои ќе бидат распоредени според следниот список: првите десет ќе бидат во Охрид, Велес, Струмица, Делчево, Кавадарци, а после тоа и болниците во Кичево, Битола, Јасеново“, истакна Дејан Аџиоски, за Инфо Компас.
Главни заслуги за целата акција имаат Македонските исселеници од Швајцарија:
Следните лица, фирми и ассоциации, ги обезбедија стретствата за 30-40 машини /логистика, транспорт, потрошни материали, тренинг обука /
- Г-от Седрик Пахуд / Главен донатор на машините / БЦД Микротекник
- Илчо Трајкоски и фирмата Колор Систем Пајерн
- Ванчо Ангеловски
- Депалиер Фабиен
- Драган Стоиловски
- Дејан Аџијоски
- Добротворното Друштво Македонија Ешалан
- Македонскиот национален совет
- Клубот Пирок
- Клубот Пијанец
- Здружение на Македонските друштва ЗМД
- Игор Атанасов, Главен Менаџер во фирмата која го обезбедува транспортот ДАШЕР
- Др Билјана Георгиевска / Црвен Крст Македонија / одговорни за обука
- Др Дејан Златановски / Црвен Крст Македонија / одговорни за обука
- Уште 20 поединци кои се уклучија во акцијата
„Како што нагласив целта е да се донираат максимално машини кои ќе одезбедат вештачки дишење, и кои би можеле да се употребуваат дури во почетна фаза на заболени со ковид 19, или конкретно на пациенти кои имаат проблеми со дишењето, пад на сатурација под 80%. Операцијата се изведува преку Црвен Крст Македонија, поточно Делчево, кои ќе бидат обучени од утре, и Д–р Билјана Георгиевска, со г-ин Дејан Златановски ќе ги распоредат по болниците низ Македонија, ќе ги обучат докторите и лицата кои ќе се грижат за работа со не инвазивните респиратори од Типот КОВИДЕР“, додаде Аџиоски.