За 1 година, во Прилеп нови 1625 невработени, нови 40 илјади невработени на ниво на држава


Официјалните податоци велат дека на крајот од првото тромесечие годинава невработени биле 145.327 граѓани, а лани во истиот период бројот на невработени изнесувал 107.732 лица, oдносно има нови 40 илјади невработени.

Најголем број на невработени лица во март годинава има пријавено во Центарот за вработување во Скопје и тоа 28.112 граѓани. Во споредба со март лани, може да се забележи дека бројот на невработени е зголемен за близу 9 илјади граѓани.

Во Тетово, во март годинава се пријавени 19.057 невработени лица. Во однос на март лани, бројот на невработени се зголемил за дури 6 илјади лица.

Во Куманово, во март годинава се пријавени 15.470 невработени. Во однос на март лани, бројот на невработени се зголемил за 3 илјади лица.

Во Гостивар, во март годинава се пријавени над 10 илјади невработени лица. Во однос на март лани, бројот на невработени се зголемил за близу 3800 лица.

Во Прилеп, во март годинава се пријавени 8786 лица кои останале без своите работни места. Во однос на март лани, бројот на невработени се зголемил за 1625 лица.

Од бизнис секторот се загрижени околу состојбата со одржувањето на работниот кадар. Велат дека раст и развој на деловната активност и отворање на нови работни места се цели кон кои се насочени сите деловни субјекти. Но додаваат дека состојбата на терен покажува дека деловната активност се уште е во фаза на стагнација, односно на пазарот не се создадени услови за враќање на бизнисите на ниво на кое беа пред кризата, ниту пак има услови за нивно проширување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи