Филипче се вакцинираше со кинеската „Синофарм“ и апелираше дека сите вакцини се безбедни

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за здравство Венко Филипче денеска во вакциналниот пункт  во арената Борис Трајковски ја прими првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“.

Покрај Филипче, имунизирани се и други министри во владата, како и нивните заменици.

Министерот за здравство Филипче им порача на граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација или преку „Мој термин“, бидејжи тоа е единствениот безбеден начин за заштита од опасниот коронавирус.

„Денеска ја примив вакцината на „Синофарм“. Буквално сите вакцини се безбедни за употреба. Апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека сите се развиени на безбедни платформи, дека несаканите ефекти се навистина мали, има точни индикации односно контраиндикации за возрасни групи или некои специфични критични категории граѓании кои нема да треба да примат некаква вакцина и ние тоа го влечеме како податок од научните испитувања од производителите“, изјави Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи