Викендов казни за 85 возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната на подрачјето на СВР Битола

Од МВР соопштуваат дека на 8 мај на подрачјето на СВР Битола биле санкционирани 85 возачи кои возеле над дозволената брзина.

На 08.05.2021 на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 85 возачи. Од нив 54 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 31 во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, стои во соопштението на МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи