Давид Димоски и Душица Тодороска од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп, Мартина Јовановска од „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, Калин Порјазовски од скопското училиште „Лазар Танев“ и Стефан Ѓорѓијевски од „Васил Антевски Дрен“ се учениците што годинава освоија најголем број бодови на државниот натпревар по географија за средно образование, кој се одржа на 7 мај.
Натпреварот се одвиваше на три платформи – „Мајкрософт тимс“, „Зум“ и „Вебекс“, односно на платформа на која учениците ја следат наставата. Организатор на натпреварот беше Македонското географско друштво, чиј претседател е проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска од Природно-математичкиот факултет.
Повеќе за настанот прочитајте на Факултети.мк