Влатко Сливоски е новиот службеник за млади во Општина Прилеп

Со силен ентузијазам и посветеност, продолжуваме да работиме на имплементацијата на политиките за млади, а во таа насока согласно Законот за младинско учество и младински политики, Влатко Сливоски е назначен за службеник за млади во Општина Прилеп, објави денес градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
„Ова претставува значаен чекор, што ја потврдува нашата заложба за учество на младите во процесот на носење политики од интерес на сите млади лица во нашата општина.
Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, како и обезбедување на континуирана и транспарентна соработка со младинските организации.
Младите ќе можат да комуницираат со службеникот за млади преку: slivoski@prilep.gov.mk“, објави Јованоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи