Набрзо по објавување на датумот за премиерата на новата епизода од ултра успешната серија „Пријатели“, 27 мај, „Букинг“ објави информација дека може да престојувате во њујоршката реплика на станот и другите простории каде што беше снимена една од најпознатите американски серии за помалку од 20 долари.
И, иако сцените биле снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата во која живееја познатите „Пријатели“ се наоѓа во Њујорк.
Во хотелот „Искуство со Пријатели“, во населбата Грамерси, во њујоршката општина Менхетн, на заинтересираните им се нуди да поминат ноќ за само 19,94 долари, цена одредена според годината кога започна емитување на серијата, односно 1994 година. Всушност, „Искуство со Пријатели“ е двокатен простор во којшто посетителите имаат на располагање 18 соби со оригинални реквизити и костими, како и сценографијата од серијата.
Можете да го посетите станот на Рејчел и Моника, да уживате во удобните фотелји на Чендлер и Џои или да играте фудбалче во нивниот стан, но исто така може да пробате и некои од оригиналните костуми прикажани во текот на десетте сезони од серијата. За посетителите се организира посебна вечера, а наутро тие можат да седат и на култниот портокалов тросед, со кафе и колачи, во кафуле што изгледа токму како „Централ парк“.
Можно е да се резервира престој од најмногу две ноќи.