Филипче, Битиќи, Спасовски и Царовска ќе бидат потпретседатели на СДСМ

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски и Мила Царовска се избрани за нови потпретседатели на СДСМ на синоќешниот Конгрес.

Во новиот состав на Централниот одбор на владејачката СДСМ има 120 членови,а меѓу нив има познати имиња како Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска итн.

Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата.

Избран е новиот состав на Надзорниот одбор, составен од 9 члена.

По речиси три децении на клучни партиски позиции, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, се повлече од функцијата, а на нејзино место, на предлог на Заев и со 682 гласа „за“ и два „против“, беше избрана актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми