13 лица го прекршиле полицискиот час, 375 казни за неносење маска


Од 00.00 часот до 04.00 часот (18.05.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (17/18.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 375 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи