Управниот суд одби 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори што се одржаа на 29 октомври. Од Управниот суд за МИА изјавија дека за 16-та тужба се уште се одлучува.
Од нив 11 тужби беа од Алијансата на Албанците, за гласањето во Струга, каде што победи Рамиз Мерко од ДУИ. Четири тужби беа од движењето БЕСА, а една од Народното движење за Македонија.
Претходно, ДИК ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.