Ветровито време со засилен северозападен ветер, пониски дневни температури

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд на северот со услови за пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 9 °C до 22 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Поради продор на постудена воздушна маса од север, денес и утре ќе биде и ветровито со засилен западен до северозападен ветер најизразен во југозападниот дел од земјата. Во петок ветерот ќе биде северен и особено долж поширокото Повардарие ќе има силен интензитет (и над 70 км/час).

Дневните температури денес и утре ќе се пониски за 4 до 7 степени, а значително посвежо ќе биде и во утринските часови утре и во сабота.

Повремен дожд со слаб до умерен интензитет во поголемиот дел од земјата освен на југот ќе има до утре претпладне.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци