Сотир Габелоски е назначен за службеник за млади во Општина Крушево


Општина Крушево назначи службеник за млади, односно се работи за лицето за комуникација со млади назначено уште во декември 2017-та година.

Оваа обврска доаѓа како резултат на Законот за младинско учество, а службеникот за млади ќе комуницира со младите и ќе ги извршува следните работни обврски:

1. развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики,
2. поддршка на работата на органот на државната управа, локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност,
3. одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите
4. следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на органот на државната управа, општината, консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите
5. обезбедување информации и информирање на младите
6. водење на база на податоци за разни младински активности, активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт,
7. редовна комуникација со Агенција за млади и спорт,
8. да биде контакт за сите младински прашања на органот на државната управа, локалната самоуправа кон младите и јавноста
9. службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади

Назначениот службеник за млади во општина Крушево е Сотир Габелоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи