Колку загуба претрпеjа автобуските превозници заради короната?

Facebook
Twitter
Email
Print


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 158 илјади во првото тримесечје од 2021 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 44.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42.8 %, во приградскиот превоз за 45.3 %, во меѓуградскиот превоз за 51.7 %, а во меѓународниот превоз за 60.3 %.

Во првото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 66.2 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86.8 %, во приградскиот превоз за 68.2 %, во меѓуградскиот превоз за 58.5 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 49.6 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира