Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, пораснала за 6,8 %, и изнесува 28.217 денари.
Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3 %) и Информации и комуникации (12,1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5,3 %) и Градежништво (4,0 %).
Со овој податок се пофалија и од Владата, од каде велат дека континуирано расте просечната месечно исплатена нето плата по вработен. Оттаму додаваат дека практично во март годинава, во однос на март лани, просечната нето плата пораснала за 1.795 денари.