Пратениците денеска ќе одлучат дали ќе има референдум за реформите во образованието предложени од министерката за образование, Мила Царовска.
Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ се против дигитализацијата на образованието и укинувањето на печатените ученици. Претставници на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ се повикани денеска во Собранието каде пратениците треба да разгледаат дали нивната иницијатива е комплетна. Родителите во вторникот собираа иницијални потписи во две подрачни единици на Државната изборна комисија.
Минатата недела пратениците ја одбија првата иницијатива бидејќи таа не беше комплетна, односно не беше уредно доставена.