Пратениците ја оценија за уредна граѓанската иницијатива за референдум за повлекување на законот за учебници


Матичните собраниски комисии едногласно ја оценија како уредна  граѓанската иницијатива „Уебници и настава мора да има“ за распишување референдум на државно ниво со кој се бара повлекување на законот за учебници.

Собраниските комисии ќе му го испратат извештајот на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Референдумот е предложен со 100 потписи, а иницијативата дополнително треба да се потврди со 10 000 потписи по што надлежните органи треба да распишат референдум.

Предлагачот Драгана Спасевска упати апел до Министерката за образование Мила Царовска да го повлече предлог законот за учебници и да се откаже од нивна дигитализација.

Опозицијата бара преку јавна расправа и дебата да се изготви ново законско решение.

Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, најпрво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование.  Учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени учебници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи