Филипче порачува: Епидемијата спласнува, но мора да останеме внимателни


Денеска министерот за здравство, Венко Филипче, откако Комисијата за здравство препорача, а утрово Главниот кризен штаб прифати и ѝ предложи на Владата да ги олабави рестрикциите, изјави ека епдимејата спласнува, но истовремено порачува дека граѓаните мора да останат внимателни.

„Во рамките на се ова што се случува имаме јасни податоци дека епидемијата спласнува, но апелирам граѓаните да останат внимателни. Маската е добар механизам да се заштитиме. Еве се трга и забраната за групирање, меѓутоа добро е да се има предвид, да се има при рака ако има групирање, макар и надвор, иако е топло може да користи. Исто и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме стабилна ситуација, но никој, кој било во светот, не може да предвиди како понатаму ќе се одвива епидемијата. Ние ги пратиме сите трендови кај нас, во околните земји и така ги даваме препораките“, изјави Филипче.

Олабавувањето на мерките треба да биде усвоено утре на седница на Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи