Екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа. Известуваат дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат улиците Пане Талески, Партизанска, Митко Цветаноски, Јури Гагарин, Кукушка, Мукос, Шакир Војвода, Поп Спасе Игуменов и Круме Волнароски од 08:30 до 15:00 часот.
Улицата Трајко Тарцан без електрична енергија ќе остане од 10:00 до 15:00 часот.
Исто така, без снабдување со електрична енергија ќе останат и населените места с. Волково, с. Чумово, с. Штавица, с. Прилепец, Репетитори на Две Стени, м.в. Кронејца.