По речиси 30 години, НАСА повторно во посета на Венера со 2 мисии


По речиси 30 години, НАСА најави дека повторно ќе ја посети Венера.

Како што пренесуваат светските медиуми, американската вселенска агенција планира две мисии, наречени „Давинчи плус“ и „Веритас“, кои ќе бидат лансирани во 2028 и во 2030 година.

„Мисиите ќе ни понудат шанса да ја испитаме планета на која не сме биле повеќе од 30 години, а имаат за цел да проучат како Венера станала „пеколна планета“, способна да стопи олово на површината“, изјави Бил Нелсон, администраторот на НАСА.

Мисијата „Давинчи плус“ има за цел да истражи како се формирала и еволуирала атмосферата на планетата, како и дали некогаш таа имала океан.

Мисијата „Веритас“ ќе ја мапира нејзината површина за да се разбере геолошка историја и да истражи како Венера се развила поинаку од Земјата, како и да утврди дали сѐ уште има активни земјотреси и вулкани.

„Зачудувачки е колку малку знаеме за Венера. Комбинираните резултати од овие мисии ќе ни дадат податоци за Венера, почнувајќи од облаците, преку вулканите на нејзината површина па сè до нејзиното јадро. Ќе биде како да ја запознаваме Венера за првпат“, објаснува Том Вагнер од Одделот за планетарни науки на НАСА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи