Македонската фудбалска репрезентација утрово замина за Букурешт, Романија, каде ќе ги игра првите два натпревари на Европското првенство.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им посака многу среќа на репрезентативците. На тимот му се приклучи и повредениот Илија Несторовски, кој иако нема да може да игра, ќе биде навивач и најголема подршка. Пред полетувањето, средба со фудбалерите имаше и премиерот Зоран Заев.
Натпреварите против Австрија и против Украина се играат на 13ти, односно на 17ти јуни, а потоа на 21ви играме со Холандија во Амстердам.