Продолжува променливото облачно и нестабилно време со локални поројни дождови

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Денеска не очекува променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално во јужните делови се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. УВ=6.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 14 °C до 24 °C.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 22 Крушево, 9 Битола, 8 Прилеп, П.Шапка, 7 Тетово, Берово, Дојран, 6 Кр.Паланка, 5 Гевгелија, 4 Куманово, 3 Д.Капија, Маврово, 1 Скопје З.Рид, Штип, Струмица, Дебар, Претор, Охрид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми