Среќен добитник добил 142 милиони евра на британската лотарија „Евро милиони“


Среќен добитник на британската лотарија „Евро милиони“ добил џекпот од 111 милиони фунти, односно 142 милиони евра, соопштува Националната лотарија. Ова е деветта најголема добивка во историјата на лотариите во Велика Британија.

Ова е четврт џекпот на Обединетото Кралство„Евро милиони“ оваа година – 2 беа освоени во април и уште 1 на Нова година.

Победничките броеви се 07, 20, 36, 40 и 46, а победничките броеви на Lucky Star беа 02 и 04.

Процесите за верификација сега ќе започнат и нема да има информации дали е индивидуален или синдикален добитник или каде е купено ливчето, освен ако носителот на ливчето не одлучи да излезе во јавноста.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи