Јавната администрација годинава ќе добие регрес за годишен одмор. Со ребалансот на буџетот предвидени се пари и за К-15 за административците, кои од март минтата година до скоро не одеа на работа поради мерките за заштита од Ковид-19.
Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција за ребаланост на буџетот одговарајќи на прашање дали исплаќањето на к-15 е соодветно во време кога приватниот сектор се соочува со тешкотии во работењето и намалени плати, а и илјадници луѓе ги загубија работните места.
„Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече Заев.
Со ребалансот вкупната сума која се одвојува за плати на администрацијата е 31,6 милијарди денари.