Со 400 денари пробал да поткупи полицајци, притоа пренесувал 200 килограми дрога


Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен државјанин на Република Албанија, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Давање поткуп од член 358 став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 10 јуни 2021 година, околу 1:00 часот,на патниот правец Прилеп – Градско, додека управувал со возило бил запрен од сообраќајна контрола и му била побарана документација за товарното моторно возило МАН на кое имало прикачено полуприколка. Подавајќи ја документацијата кон полициските службеници, осомничениот ставил парични средства во износ од 400 денари, за полицајците да не извршат службено дејствие што би морале да го извршат. Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него.

При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи