СВР Битола: Вчера се констатирани 49 прекршоци, возење со брзина над дозволената, управување возило без возачка дозвола, нерегистрирани возила


Од СВР Битола известуваат дека во текот на вчерашниот ден 10.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот и притоа биле констатирани бројни прекршоци.

Имено, 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, тројца возачи разговарале на мобилен телефон и четири возила биле со измината регистрација.

За сите неправилности се издадени соодветни поднесоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи