ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.С.(34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 07.10.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот кој го користел пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.