Короната стивнува – само 3 хоспитализирани пациенти во Прилеп, 99 хоспитализирани низ Македонија

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 99.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје e хоспитализиран еден нов пациент. Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за ковид – 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Пациентот е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти,во болницата во Штип 5, на инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6, во Куманово 15, во ковид -центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид-центарот во Гостивар 8, во Струга 4, во Струмица 9 пациенти и во Кичево 2. Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани со ковид.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира