Јованоски ќе ја бара довербата за втор мандат


Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски во Утрински брифинг порача дека е задоволен од тоа што го сработил во изминатите три ипол години. Притоа, тој додаде дека ќе се бори да добие нов мандат за градот под Марковите кули.

„Прилеп доби неколку капитални проекти. Ќе ги издвојам првите четири: автобуси на метан, изградивме мост на градската река, нешто што се нема направено 48 години, при крај е изградбата на градскиот стадион кој за еден месец ќе го ставиме во употреба, а во исто време ќе го пуштиме во употреба и спортско рекреативниот центар на вештачкото езеро. Исто така направивме нов, современ, европски булевар. Пред еден месец ја започнавме изградбата на детската градинка во населбата Точила, со капацитет од 260 деца која ќе биде готова до крајот на годината. Особена гордост ми претставува да ги најавам двата покриени  базени. Едниот ќе биде полуолимписки, а другиот училишен“, изјави Јованоски.

Јованоски додаде дека се обидува да им удоволи на барањата на сите граѓани, па со цел да ги заврши проектите, ќе ја бара довербата прво од матичната партија, а потоа и од граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи